Успехот на DS3 и DS4 и добриот почеток на DS5 го охрабрија францускиот производител да испроба каде е минималниот праг на престижот.
Со најкомпактниот модел од DS линијата, Citroën ќе го прошири влијанието на своите ултрабрендирани модели и во супермини секторот. Балансирајќи меѓу економската логика и сé поголемата побарувачката за софистицираните мали градски модели, францускиот производител ќе проба разумно да го вметне идниот DS1 во маргините на традиционално скржавиот со профит сегмент. Во тоа ќе му помогне создадениот имиџ на неговата поголема сестричка DS3, од која ќе ги преземе дизајнерските потписи, пред сé конусниот централен столб, кој ќе го гарантира ефектот на „лебдечкиот" покрив и визуелниот континуитет на стакло што го осветлува и го зголемува автомобилот, кој нема да биде мал како сегашниот C1, бидејќи ќе биде базиран на неговата следна генерација, така што се очекува должина од 3,6 метри. Меѓу моторите со кои ќе биде понуден ќе бидат и новите трицилиндрични алуминиумски од Peugeot 208, од 1,0 и 1,2 литри со 68 и 82 KS, а како и останатите модели од DS линијата, ќе има многу опции за персонализација и ќе чини значително повеќе од C1.
Малиот шик градски автомобил е на агендата на Citroën за 2013 година.
Малиот шик градски автомобил е на агендата на Citroën за 2013 година.
No comments:
Post a Comment