Моделот кој своето име го создаваше на три пати, се враќа кон првични корени.
Претставен во 1991 година како петвратна лифтбек верзија на Volkswagen Golf, моделот чија трета генерација, храбро лансирана како посериозна семејна верзија на Altea за малку ќе му го уништеше името, се враќа на својот иницијален концепт. Новата генерација на Toledo, за која Seat не наведува каде ќе се произведува, иако е познато дека тоа ќе биде во погоните на Škoda во Чешка, за разлика од порано, кога ја користеше корпорациската компактна А платформа, сега е поставен на помалата А0 архитектура. Како сестрински модел на Škoda Rapid, Seat Toledo се разликува само во детали - ги има истите димензии (должина од 4.480 и меѓуоскино растојание од 2.602 милиметри), а најверојатно (бидејќи Škoda сé уште не ги објави техничките детали за европскиот Rapid) и истите мотори - 1,2 и 1,4 литарските TSi со силина меѓу 75 и 122 KS и два TDi мотора - 1,6 литарски со 105 и уште еден, со неспецифицирана зафатнина и 90 KS, кој ќе се појави наредната година.
Продажбата на Toledo ќе започне во ноември оваа година најпрво во Шпанија и Португалија, а во 2013 и на останатите пазари, меѓу кои, како главни, покрај домашниот, Seat ги наведува и Германија, Мексико и Турција.
Продажбата на Toledo ќе започне во ноември оваа година најпрво во Шпанија и Португалија, а во 2013 и на останатите пазари, меѓу кои, како главни, покрај домашниот, Seat ги наведува и Германија, Мексико и Турција.
No comments:
Post a Comment