Audi го прошири своето S семејство на спортски модели со теренскиот Q5, и тоа со TDi мотор.
Со тоа, компактниот SUV стана првиот S модел на Audi задвижуван од дизел мотор, кој, како доликува на имиџот на возилата од Инголштат чија ознака започнува со оваа буква, располага со 313 KS и 650 Nm, добиени од трите литри работна зафатнина со помош на два турбо компресора. За нивно кротење се грижат осумстепениот Tiptronic менувач и перманентниот Quattro погон, а колку успеваат во тоа сведочи забрзувањето до 100 km/h, за кое на Audi SQ5 TDi му се потребни 5,1 секунда. Максималната брзина е ограничена на 250 km/h, додека декларираната потрошувачка изнесува 7,2 литри на 100 km. Во согласност со карактерот на моделот, подобрени се системот за управување и ослонувањето, кое е спуштено за 30 mm, а купувачите ќе можат да бираат меѓу два типа тркала, од 20 и 21 инч, со пневматици со димензии 255/45.
Освен по големите тркала, SQ5 TDi ќе се разликува од обичните верзии на компактниот теренец и по поинаквите браници, платински сивата маска и со алуминиумскиот изглед на кровните држачи, задниот спојлер, ретровизорите и лентата околу прозорците. Алуминиумот остава впечаток и внатре во кабината, каде електрично подесливите седишта обложени со кожа, спортскиот управувач, сивите инструменти со бели стрелки покажуваат дека ова возило кое во продажба ќе се најде на почетокот на идната година, вреди 58.500 евра.

No comments:
Post a Comment