Со претставувањето на два нови модела, францускиот производител започна со интернационализирањето на својата гама.
Ако досега настапуваше со локално приспособени модели за главните региони во кои е присутен, со двете нови компактни лимузини Citroën ја менува својата глобална стратегија. Првиот модел, кој го користи името на кинеската седан верзија на некогашниот ZX, всушност е Citroën-ова верзија на Peugeot 301. C-Elysee е долг 4,43 метри, има меѓуоскино растојание од 2,65 метри, багажник од 506 литри и ќе биде опремен со 1,2 литарски VTi мотор со 72 KS, новиот 1,6 литарски VTi со 115 KS и 1,6 литарскиот дизел со 92 KS. Ќе се произведува во Шпанија и уште пред крајот на годинава ќе се најде во продажба, најпрво на пазарите во Шпанија, Централна Европа, Турција и Алжир, а потоа и во други земји.
Вториот модел, C4 L, е развиен во Кина и како што може да се заклучи од неговата ознака, е продолжена седан верзија на C4. Долг е добри 4,62 метри, има меѓуоскино растојание од 2,71 метри (што е за 10 cm повеќе од C4), багажник од 440 литри и ќе се произведува во секој регион каде ќе се продава, најпрво од крајот на годинава во Кина, а потоа и од почетокот на идната 2013 година во Калуга, Русија. За него Citroën ги има издвоено 1,6 литарскиот бензински турбо мотор со 150, односно 170 KS и новиот 1,8 литарски VTi мотор со 136 KS.
Во сегментот на компактни лимузини, глобално се продаваат околу 20 милиони возила, односно околу третина од целокупниот светски пазар.

No comments:
Post a Comment