Испитувањата на новата генерација на луксузниот теренец на британската фирма се во полн тек.
Големиот SUV, кој го промени начинот на сфаќањето на ваквите возила, се подготвува да ја доживее својата четврта генерација. Развојот на новиот луксузен SUV е во напредната фаза и според она што неофицијално се знае за него, тој ќе има еволутивен дизајн со помеки линии од сегашната генерација, позаоблен преден дел и позакосени предно и задно ветробранско стакло, но сепак ќе биде непогрешливо препознатлив како Range Rover. За разлика од дизајнот, технолошкиот пристап ќе биде револуционерен, бидејќи новиот Range Rover ќе има алуминиумска самоносечка каросерија, која ќе го направи дури за 450 kg полесен од сегашниот. За погон се предвидуваат V6 и V8 дизели и V8 бензински мотори, а голема шанса да биде употребен има и новиот 3,0 литарски турбо V6 од Jaguar.
Land Rover исто така работи и на plug-in хибриден погон, кој веќе беше претставен во концептот Range_e на салонот на автомобилите во Париз пред две години.
Land Rover исто така работи и на plug-in хибриден погон, кој веќе беше претставен во концептот Range_e на салонот на автомобилите во Париз пред две години.
No comments:
Post a Comment