03 June 2012

Porsche Boxster

Третата генерација на отворениот двосед има алуминиумско тело кое наликува на 911, со детали од 918 Spyder. Подолгото меѓуоскино растојание и пошироките траги на тркалата укажуваат на комплетно преработеното подвозје, кое треба подобро да ја кроти силината од парот ревидирани шестцилиндрични боксер мотори со директно вбризгување на горивото - 2,7 литарскиот со 265 KS за нормалната и 3,4 литарскиот со 315 коњски сили за S варијантата. И двата мотора стандардно се спарени со шестстепен мануелен менувач, со можност за избор на седумстепена PDK автоматизирана трансмисија со двојна спојка. Малку заради намалената тежина, малку заради поголемата моќност, во првиот случај Boxster до 100 km/h забрзува за 5,7, а со посилниот мотор за рамно 5 секунди.


No comments:

Post a Comment