Одредувајќи му го славното име Vanquish од своето минато, Aston Martin на новиот модел му ја одреди и иднина.
А таа, како што и доликува на едно возило кое има директни гени од автомобилот кој го возеше Џемс Бонд, мора да биде славна. Блиско поврзан со својот претходник DBS, Vanquish располага со четвртата генерација на алуминиумската VH каросерија, која во содејство со унапреденото подвозје е за 25% поцврста на торзиони напрегања. Со употребата на елементи од магнезиум и јаглеродни влакна, како и со поинаква технологија за леење на алуминиумот за дел од структурата, тежината е намалена за 55 kg, на вкупно 1.739 kg (и тоа распоредени 50:50), кои не претставуваат проблем 5,9 литарскиот V12 мотор со 573 KS и 620 Nm (што е за 55 KS и 50 Nm повеќе од DBS) преку шестстепениот автоматски менувач да ги забрза до 100 km/h за 4,1 секунда и до максимални 295 km/h.
Задржувајќи ги габаритите како DBS (должина 4.720 mm, широчина 2.067 mm сосе ретровизорите, височина 1.294 mm и меѓуоскино растојание 2.740 mm), Vanquish кој од крајот на годинава ќе се нуди како двосед или со 2+2 седишта по цени кои ќе стартуваат од 189.995 фунти, е поставен на 20-инчни тркала со специјално за него развиени Pirelli P-Zero пневматици со димензии 255/35 напред и 305/30 назад, додека за сопирањето се грижат третата генерација на Brembo керамички дискови со шест клипа и пречник од 398 mm напред и четири клипа и пречник 360 mm назад. Адаптивното ослонување со три режими на работа е сериска опрема, а за нагласување е и зафатнината на багажникот, која изнесува добри 368 литри, што е за дури 60% повеќе од DBS.
Моделот Vanquish, кој всушност беше претходник на DBS, Aston Martin го произведуваше од 2001 до 2007 година.

поврзани вести:
Aston Martin го најави наследникот на DBS

No comments:
Post a Comment