General Motors и неговиот кинески партнер SAIC Motor започнуваат нова соработка.
По трансмисијата со две спојки, двете компании заедно ќе развиваат и семејство три и четирицилиндрични турбо мотори со директно вбризгување на горивото и зафатнина од 1,0 до 1,4 литри. Новите мотори, кои ќе ги исполнуваат Euro 6 стандардите, ќе бидат за 10% поекономични од сегашните и ќе имаат за 20% поголем вртежен момент. SAIC ќе ги произведува за вградување во моделите на MG и Roewe, додека во системот на General Motors тие ќе бидат користени од страна на Opel, кој ќе ги произведува во својата фабрика во Унгарија.
Прв кандидат за вградување на овој мотор е Opel Adam. Со овој модел, германската куќа прави пресврт во својата производствена филозофија и има амбициозна цел - да им одземе од просторот на Fiat 500 и Citroën DS3. Заради тоа и новиот мал Opel ќе биде позициониран како премиум модел и ќе биде понуден само со три врати и четири седишта, но со безброј комбинации на бои и многу можности за прилагодување, со цел да се исполни секоја имагинација на младите. Дизајнерски спротивставените потези создаваат илузија на непрекинат континуитет на страничните стакла, а естетски итро истакнатиот нос му дава силен трендовски настап. Во продажба ќе се најде на почетокот на идната година.

поврзани вести:
Opel Adam се „потпиша" на улиците низ Франкфурт

No comments:
Post a Comment