На нова платформа и со нов стил, Škoda Fabia ќе го започне својот нов живот во 2014 година.
Во својата трета генерација, чешкиот хечбек ќе доживее навистина многу промени. Цврстиот и чист дизајнот веќе му е најавен со новиот компактен седан Rapid, кој ќе се појави на пазарот до крајот на годинава. Јасно, и идната Fabia ќе биде поставена на новата MQB модуларна платформа, која од оваа година ќе им дава живот на скоро сите нови модели на групацијата Volkswagen, меѓу кои и на наследникот на Octavia, кој ќе пристигне пред крајот на оваа 2012 година. Освен во дополнителните сантиметри на меѓуоскиното растојание и поголемиот багажник, новата механичка основа на Fabia ќе придонесе и за подобри возни својства, кои не беа приоритетни при конструирањето на претходните две генерации на овој модел.
No comments:
Post a Comment