Со освежен изглед и неколку клучни подобрувања, три години стариот теренец на Kia ќе продолжи со вториот дел од својот животен век.
Естетските измени концентрирани на предниот дел, односно браникот и светлата, се дополнети со подобрување на опременоста, изменета централна конзола, поинакви задни светла, поголем панорамски покрив и наново пресметано подвозје кое треба да придонесе за подобра управливост и лежење на патот, а унапредените погонски групи треба да ги намалат потрошувачката на гориво и емисијата на CO₂.
Kia скржаво известува околу деталите за новиот модел, очигледно чувајќи ги за салонот во Париз, каде ќе биде покажан.
Kia скржаво известува околу деталите за новиот модел, очигледно чувајќи ги за салонот во Париз, каде ќе биде покажан.
No comments:
Post a Comment