Караванската верзија на спортската купе-лимузина со четири врати за која се зборуваше уште од поодамна, сега станува реалност.
Вешто извлекувајќи ги течните линии на спортскиот модел во каравански заден дел, дизајн експертите на Mercedes успееја да го искомбинираат најдоброто од двата света - елеганцијата и практичноста. Резултатот од нивната работа е спортски караван со пет врати и пет седишта, долг пет метри и со багажен простор обложен со дрво во кој може да собере до 1.550 литри, каков што светот одамна нема видено, а искрено, не ни очекуваше да види.
Иницијално, CLS Shooting Brake ќе се појави во четири верзии, две со дизел, а две со бензински мотори. На почетокот на продажбата кој официјално не е објавен, купувачите ќе можат да бираат меѓу CLS 350 со 3,5 литарски V6 мотор со 306 KS, CLS 500 со 4,7 литарски турбо V8 мотор со 408 KS, CLS 250 CDi со 2,1 литарски четирицилиндричен дизел со 204 KS и CLS 350 CDi со 3,0 литарски V6 дизел мотор со 265 KS, додека на моќната CLS 63 AMG верзија со 5,5 литарски битурбо V8 со 537 KS ќе почекаат уште една година. Посилната бензинска и дизел варијанта ќе бидат на располагање и со 4Matic погон на сите четири тркала.
Вториот член на CLS семејството на Mercedes официјално ќе биде претставен на салонот на автомобилите во Париз. Како концепт, CLS Shooting Brake беше покажан на салонот на автомобилите во Пекинг пред две години.

No comments:
Post a Comment