И покрај неоспорната идна доминација на автоматизираните менувачи, германскиот производител во голема мерка ги истражува конструктивните решенија за седумстепен мануелен менувач.
Најголемиот проблем кај трансмисиите со мануелно менување на степените не е сместувањето на уште некој пар запченици во менувачките кутии, туку спречувањето на префрлање во погрешен степен на пренос, што се случува заради густите позиции на рачката од менувачот. Решението на овој проблем BMW го гледа во електронската контрола, која, базирајќи се на мноштво сензори, ќе претпоставува во кој степен возачот сака да промени и соодветно ќе го блокира случајното префрлање во другите степени на пренос. Блокирањето би се вршело со помош на флуид чиј вискозитет се менува со пропуштање на електрична струја низ него. Рачката на менувачот и менувачката кутија нема да бидат механички поврзани, туку командите за промена на степените на пренос ќе се пренесуваат преку жица со електромеханички серво уред, кој ќе ја врши физичката промена на степените во менувачката кутија, што всушност е решение на половина пат до роботизираните трансмисии.
No comments:
Post a Comment