Претставувајќи го како премиум SUV, SsangYong го доозначи обновениот Rexton со суфиксот W, изведен од зборовите work of art, односно уметничко дело.
Модернизиран, со пософистициран стил и подобрени возни својства како на асфалт, така и на терен, големиот SUV на корејскиот производител сега похрабро чекори по патот што му го трасираше неговиот претходник, кој му ја остави во наследство автентичноста на својот настап имплементирана преку класичната конструкција со шасија. Предниот дел сега располага со похармонизирани линии и светла со припитомен облик на очи на орел, а страничните линии ја одржуваат стабилноста на закосената силуета нагласена со масивните задни носачи и волуменски обемниот заден дел. Инкорпорирајќи многу премиум елементи, Rexton W се фокусира на клиентите со модерни сфаќања и луксузна смисла на животот, а симетричната структура на ентериерот не остава многу причини за компромиси меѓу комфорот, практичноста, долготрајноста и цената.
SsangYong за оваа трета генерација на Rexton подготви нова верзија на e-XDi 200 моторот со 155 KS, кој, спарен со петстепен автоматски менувач од Mercedes, му овозможува да помине 100 километри со 7,3 литри гориво. Овој 4,76 метри долг и 1,9 тони тежок теренец, чиј развој траеше две ипол години, ќе се опремува со системи за електронска стабилност, активна заштита против превртување, контрола на притисокот во пневматиците и друго, а во продажба во Кореја ќе се најде веќе овој месец. Плановите за негов пласман на другите пазари не се објавени.

No comments:
Post a Comment