01 June 2012

BMW 7

Стилските измени на надворешноста на рестилизираната лимузина која BMW во продажба ќе ја пушти во јули се благи, некои детали се сменети и во внатрешноста, а малку е дотерано и подвозјето, кое сега е саморегулирачко кај сите верзии, исто како и осумстепениот автоматски менувач. Најголемите измени се во моторната понуда, која сега е засилена со 3,0 литарскиот твин-турбо бензинец со 320 KS и 450 Nm и трилитарскиот шестцилиндричен дизел со три турбо компресори и 381 KS и 740 Nm. Ревидирани се бензинскиот 4,4 литарски турбо V8 кој сега има 450 KS и 650 Nm и хибридната ActiveHybrid7 верзија, кај која V8 моторот е заменет со споменатиот 3,0 литарски твин-турбо, засилен со 40-киловатен електромотор, а останатите мотори останаа исти - 3,0 литарскиот атмосферски бензински со 258 KS, големиот 6,0 литарски турбо V12 со 544 KS и 3,0 литарските дизели со 258 и 313 KS.




No comments:

Post a Comment