Се појавија и првите официјални информации за новиот компактен седан на Škoda.
Најавен како дел од сеопфатната моделска офанзива на чешкиот производител, Rapid е предводник на новиот дизајнерски стил на Škoda, кој се одликува со чисти, прецизни, свежи и елегантни линии, кои истовремено ги демонстрираат и трајните вредности на марката - пространоста во нејзината најубава форма. Сместувајќи се меѓу Fabia и Octavia, 4,48 метри долгиот Rapid ќе игра централна улога во стратегијата за раст на компанијата, која од есенва влегува во нова фаза, во која акцентиран ќе биде европскиот пазар. Тоа значи дека новиот модел ќе располага со особености кои се привлечни за европските купувачи - економични мотори, високи безбедносни стандарди и богата опременост. Детали за цената не се објавени, но јасно е дека и Rapid, како и другите модели на Škoda, ќе се бори за купувачите со одличен однос на понуденото за цената.
Škoda Rapid за прв пат ќе биде покажана на салонот на автомобилите во Париз, кој се одржува од 29 септември до 14 октомври.
Škoda Rapid за прв пат ќе биде покажана на салонот на автомобилите во Париз, кој се одржува од 29 септември до 14 октомври.
поврзани вести:
И официјално: Škoda Rapid наесен
И официјално: Škoda Rapid наесен
No comments:
Post a Comment