Втората генерација на петвратниот хечбек, направен специјално за европскиот пазар, го продолжува трендот на тигрестиот дизајн со линии кои изгледаат помускулести и помоќни, гледано и однапред, и отстрана, и одзади. Иако меѓуоскиното растојание од 2.650 милиметри е идентично како и порано, има измени и во механичката основа. Во продажба е од овој месец, со вкупно четири бензински и дизел мотори, со зафатнина од 1,4 и 1,6 литри и силина меѓу 90 и 135 KS.
No comments:
Post a Comment