Кросовер моделот кој беше лансиран во 2009 година ја започнува втората половина од својот животен век со ново лице, кое за прв пат го видовме кај седанот GS. Одлично вклопувајќи се во неговата флуидна силуета, RX сега има посериозен и полуксузен изглед, додека механичката основа е позната од порано. И ентериерот ги доживеа потребните промени, а новост во понудата е и F Sport верзијата, која треба да ги истакне карактерните особини на нејзините сопственици. Обновениот Lexus RX во продажба ќе се најде летово.
No comments:
Post a Comment