Процесот на downsizing ќе ја опфати и наредната генерација на BMW M3.
Како што се случи и со лани претставениот M5, така и идната генерација на M3 наместо 4,0 литарскиот атмосферски V8 со 420 KS, ќе ги користи „услугите" на трилитарски шестцилиндричен мотор со три турбо компресори и околу 450 KS. Оваа промена главно е диктирана од потребата за задоволување на сé построгите стандарди за емисиите на штетни гасови.
Планиран за претставување кон крајот на идната година, новиот M3 ќе биде полесен од сегашниот заради употребата на компоненти од каросеријата од јаглеродни влакна. На почеток M3 ќе биде достапен како купе со две врати, а подоцна ќе биде претставен и во останатите каросериски варијанти - како седан со четири врати и кабриолет. Сé уште се шпекулира со ознаките на купето и кабриолетот, кои во своите нормални верзии треба да бидат означени како серија 4, што значи дека би требало да се викаат M4 Coupe и Cabrio, но BMW исто размислуваше и во времето на претставувањето на сегашната, четврта генерација на M3, така што, заради веќе легендарното значење на оваа ознака, плановите за издвојување на купето и кабриолетот како серија 4 сепак беа отфрлени.

поврзани вести:
Серијата 3 на BMW пред проширување
Серијата 3 на BMW пред проширување
No comments:
Post a Comment