Според директорот на дизајн студиото на Peugeot, Жан Пјер Плу, 208 го означува почетокот на новата дизајн ера на возилата на француската марка. Според неговите зборови, новиот субкомпакт раскрстува со минатото, така што сите модели после него ќе бидат похомогени, односно попрепознатливи како дел од семејството на Peugeot. Од ова може да се заклучи дека и Peugeot ќе ја примени дизајн филозофијата на Volkswagen и Opel, за која верува дека ќе донесе подобрување на имиџот на марката и обраќање до поголем аудиториум. Инаку, Peugeot 208 е првиот сериски модел откако Плу е назначен за шеф на дизајнот на групацијата - претходно, од 2000 до 2009 година тој беше одговорен само за моделите на Citroën. Според неговата замисла, дизајнот на идните модели на Peugeot, кој беше најавен со поланскиот концепт SR1, треба да биде атлетски и елегантен, со чисти и прецизни линии.
No comments:
Post a Comment