Две години живот беа доволни Mercedes да се реши да го унапреди својот супермодел.
Измените главно се концентрирани на подобрување на перформансите - засилен со нови 20 коњски сили, на вкупно 591 KS кои ги остварува при 6.800 вртежи во минута (максималниот вртежен момент остана ист - 650 Nm при 4.750 вртежи во минута), 6,2 литарскиот V8 мотор на овој спортист му обезбедува забрзување до 100 km/h за 3,7, а до 200 km/h за 11,2 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 320 km/h. AMG SpeedShift DCT 7-степената трансмисија со двојна спојка сега работи побрзо, а и трите режими на работа - Comfort, Sport и Sport Plus на новоразвиеното AMG Ride Control Performance ослонување повеќе се ориентирани кон спортските доживувања. Предните пневматици се со димензија 265/35 R19, задните 295/30 R20, а со нови луксузно-спортски додатоци облагородена е и внатрешноста.
За да се разликува од досега произведените возила, освен затемнетите светла, црвено обоените кочни клешти и црниот финиш на некои детали на каросеријата, новиот SLS AMG ќе ја има додавката GT во својата ознака. Продажбата ќе му стартува од октомври по цена во Германија од 204.680 евра за купето, односно 213.010 евра за родстерот.

No comments:
Post a Comment