По 3008 и 508 RXH, Peugeot ја прошири хибридната гама со седан верзијата на 508.
Со дискретен знак на предната маска, третиот член на HYbrid4 семејството на Peugeot продолжува со докажувањето на надмоќноста на иновативната технологија. Комбинирајќи дизел и електромотор, HYbrid4 погонската група на Peugeot овозможува единствени можности. Дизел моторот од 2,0 литри со 163 KS и 300 Nm ги задвижува предните, електромоторот од 27 kW и 200 Nm задните тркала, а двата мотора заедно на располагање на седанот му ставаат 200 KS. Нивното комбинирање овозможува четири режими на работа, меѓу кои и стопроцентен електричен и 4х4. Според францускиот производител, 508 HYbrid4 до 100 кm/h забрзува за 8,6 секунди, постигнува максимални 210 km/h, просечно троши 3,6 l/100 km и испушта 95 g/km CO₂.
Цената што треба да се плати за постигнување на овие бројки се намалениот багажник од 525 на 355 литри и 6.450 евра во споредба со обичниот 508 со истиот дизел мотор, но со обичен, а не роботизиран менувач, односно вкупно 39.200 (во Франција), бројка која со помош на владините бенефиции се намалува за 2.000 евра.

No comments:
Post a Comment