За моделската 2013 година, Chevrolet ја зголеми електричната автономија на Volt.
Со минорни измени во составот на материјалите за ќелиите на батериите, инженерите на Chevrolet успеаја да ги подобрат економичноста и издржливоста на електричниот Volt, чии батерии сега имаат капацитет од 16,5 наместо 16 kWh. Според официјалните спецификации, Volt место 35, сега има електрична автономија од 38 милји (61 km), а вкупната автономија на Volt со полни батерии (за што требаат 4 часа и 15 минути на струја од 240 V) и полн резервоар (35 литри) сега изнесува 380 милји (611 km). Со тоа, еквивалентната потрошувачка на гориво, според американските стандарди, му е намалена од 2,5 на 2,4 литри, додека реалната потрошувачка на бензинскиот мотор, кој не ги задвижува тркалата, туку само произведува струја за полнење на батериите, изнесува 6,4 литри на 100 km. Потрошувачката на струја, пак, изнесува 21,8 kWh на 100 km.
No comments:
Post a Comment