Моделот кој најмалку е Audi, а многу повеќе Lamborghini, суперспортскиот R8, годинава, како најава за неговата замена која се очекува во 2014-та, ќе биде малку освежен.
Претставен пред 6 години, со своите ултимативни возни својства и моќниот V10 мотор, но и секојдневната употребливост, овој модел навлезе во територијата на Porsche, но не успеа да ги загрози неговите пазарни позиции. Заради тоа и измените кои се очекуваат нема да бидат големи, туку главно механички - седумстепен DSG наместо шестстепен секвенционален менувач и мало зголемување на силината, додека внатрешноста ќе биде облагородена со уште некој современ технолошки додаток од модерното живеење, каков што е MMI мултимедија интерфејсот. Сепак, најголемата новост ќе биде лансирањето на електричната верзија e-Tron, којапокрај новата генерација на A3, A6 Allroad Quattro и хибридната верзија на A8, ќе биде еден од четирите за годинава најавени нови модели на Audi. Се очекува R8 e-Tron да има цена од околу 150.000 евра.
Што се однесува до втората генерација на R8, таа ќе има нова каросерија, комбинирано направена од алуминиум и јаглеродни влакна, со што ќе се намали тежината за стотина килограми. Се очекува силината на V8 моторот да се покачи на 450, а наместо поголемиот V10 би се користел новиот турбо V8 од Bentley Continental GT, засилен на 600 KS. Отворената верзија на R8 ќе се појави една година подоцна, во 2015-та.

No comments:
Post a Comment