Луксузната лимузина со изглед на купе, чии четири врати се искроени во веќе познатата каросерија на серијата 6, дизајнерски и механички не се многу разликува од својот донатор. Заради задоволување на потребите на патниците на задните седишта (BMW го опишува Gran Coupe како 4+1 модел) должината му застана на 5, меѓуоскиното растојание стигна до 3 метри, а багажникот му остана ист и во него собира четири торби за голф. Лансиран е со три мотори, сите со осумстепен автоматски менувач. BMW 640i и 640d Gran Coupe ќе располагаат со шестцилиндрични 3,0 литарски мотори со 320, односно 313 KS, а 650i со 4,4 литарски турбо V8 со 450 KS, со погон само на задните или на сите четири тркала. Подоцна се очекува гамата да биде проширена со повеќе моторни опции, меѓу кои и M6 Gran Coupe, со твин-турбо V8 мотор со 560 KS и седумстепен менувач со двојна спојка.
No comments:
Post a Comment