Следејќи ги продажните трендови, а со цел уште подобро да се етаблира на европскиот пазар, малку подзаборавените моноволуменски возила на Kia ќе бидат заменети со еден заеднички модел.
Наследникот на компактниот Carens (кој на некои пазари е познат како Rondo) и големиот Carnival ќе биде на располагање во две верзии, со пет и седум седишта и во целост ќе биде во модерниот дух на марката. Претставувањето на овој модел се очекува наредната година - сега на ред е новата генерација на Pro_cee'd, која ќе дебитира есенва во Париз.
Kia очекува да ја зголеми продажбата во Европа годинава за дваесетина отсто, на 350.000 возила, а во 2013 дури на 400.000.
Kia очекува да ја зголеми продажбата во Европа годинава за дваесетина отсто, на 350.000 возила, а во 2013 дури на 400.000.
No comments:
Post a Comment