Веднаш по веста дека во својата британска фабрика го произведе тримилионитиот мотор, BMW објави и дека во неа ќе се произведува и трицилиндричниот мотор за i8.
Хибридното купе ќе располага со сосема нов трицилиндричен турбо бензински мотор со 220 KS и 300 Nm, кој ќе ги задвижува задните тркала, додека електромоторот од 96 kW ќе биде поврзан со предните. Овој мотор е дел од новото Efficient Dynamics семејство на 3, 4 и 6-цилиндрични бензински и дизел мотори, конструирани на база на оптимизиран модул од 1 цилиндар со околу 500 cm³ работна зафатнина. Засега уште во рана фаза на развој, овие мотори ќе се појават во 3 дериватни групи: стандардни, перформансни и хибридни.
Фабриката покрај Бирмингем во која баварскиот производител ги произведува помалите мотори за повеќе модели на BMW и Mini, започна со работа во 2001 година. Не е објавено дали и други верзии од новите мотори ќе се произведуваат во оваа фабрика.

поврзани вести:
Дебитираше спајдер верзијата на i8
Дебитираше спајдер верзијата на i8
No comments:
Post a Comment