На виделина излезе првата пречка за заживување на марката Saab.
Новиот сопственик на шведскиот автомобилски производител се соочи со проблеми кои не ги очекуваше - не може да ги користи логото и името Saab, бидејќи тие се во заедничка сопственост на три компании: Saab Automobile, Saab AB која делува во авионската и одбранбената индустрија и производителот на камиони Scania AB. Сега јапонско-кинеско-шведскиот конзорциум National Electric Vehicle Sweden, кој стана сопственик на првата компанија, со помош на стечајниот управник преговара со останатите две компании со кои Saab Auto има заедничка историја, за да може да ги користи името и логото за планираните електрични возила. Претставниците на Saab AB и Scania изразија резервираност околу евентуалните забуни на јавноста и ризикот од можноста луѓето да помешаат кој е кој, додека во NEVS се убедени дека тие мора да го одобрат трансферот на правата за користење на логото и името на Saab.
Инаку, Saab Automobile AB е основан во 1945 година од страна на Saab AB, кој пак од 1968 до 1995 година, непосредно пред шведскиот производител да прејде во рацете на General Motors, заедно со Scania AB делуваа како една заедничка компанија под името Saab-Scania.

поврзани вести:
Saab си најде нов сопственик
Saab си најде нов сопственик
No comments:
Post a Comment