Со најавувањето на почетокот на продажбата на Santa Fe во Велика Британија, Hyundai ги објави и првите деталите за дизел верзијата на европската варијанта на популарниот SUV модел.
Теренецот кој за прв пат јавно ќе биде покажан на салонот на автомобилите во Париз, кој се одржува од 29 септември до 14 октомври, на Стариот Континент ќе се нуди со верзии со пет и седум седишта, но, за разлика од американскиот пазар каде ќе биде на располагање и во продолжена верзија, ќе има само едно меѓуоскино растојание од 2.700 mm и должина од 4.690 mm. Дизајнерски скоро и да нема разлики од американската верзија, а единствениот мотор со кој ќе биде понуден во Велика Британија е истиот 2,2 литарски четирицилиндричен дизел со 197 KS и 422 Nm од сегашната генерација, кој, спарен со шестстепен мануелен или автоматски менувач, ќе ги задвижува само предните или сите четири тркала.
Hyundai ја позиционира новата генерација на Santa Fe повеќе како стилски премиум модел, во согласност со што ќе бидат опременоста и цените, кои, засега објавени само за британскиот пазар, стартуваат од 25.495 фунти, односно скоро 32.000 евра. На британскиот пазар, кој апсорбира една третина од вкупната продажба на моделот во Европа, Santa Fe ќе биде понуден во октомври.

поврзани вести:
Hyundai Santa Fe (видео)
Hyundai Santa Fe (видео)
No comments:
Post a Comment