Новиот субкомпактен кросовер на General Motors, креиран на модифицирана верзија на Gamma II платформата, која е основа за сегашниот Chevrolet Aveo и идната Opel Corsa, со своите мускулести линии ги надраснува 4,28-те метри должина, во кои се најде место и за багажник со зафатнина од 533 литри. Исполнетоста со модерни технолошки работи го навестува неговиот урбан карактер, а за теренски доживувања ќе биде на располагање и во верзија со погон на сите четири тркала. Како Opel Mokka ќе се нуди со 1,4 литарски турбо бензински мотор со 140 KS, 1,6 литарски атмосферски бензински мотор со 115 KS и 1,7 литарски дизел до 130 KS. Во продажба ќе се најде кон крајот на годинава.
поврзани вести:
И Chevrolet со мал SUV
И Chevrolet со мал SUV
No comments:
Post a Comment