Според официјални извори од BMW, баварскиот производител е во преговори со NedCar за производство на возила.
Во премногу кратката изјава на портпаролот на BMW се наведува само дека имаат намера да ја ангажираат холандската фабрика на Mitsubishi за договорно производство, без да се споменуваат никакви детали за тоа, но се знае дека Баварците веќе подолг период работат на граница на можноста на капацитетите на својата фабрика во Оксфорд, заради што и од 2010 година имаат договор со Magna Steyr за производство на Countryman во нивната фабрика во Грац.
Mitsubishi на почетокот на годинава објави дека од крајот на годинава ќе го запре производството на возила во Холандија, без притоа да ги наведе своите планови за нејзината иднина. Поранешната фабрика на DAF, која е во целосна сопственост на Mitsubishi од 2001 година, има капацитет од 200.000 возила годишно и во неа досега се произведени околу 4,5 милиони возила од марките DAF, Volvo, Mitsubishi, Smart, Citroën и Peugeot.

No comments:
Post a Comment