Според неофицијалните информации, жешката верзија на А класата наместо А25, ќе носи ознака A45 AMG.
Срцето на оваа, долго најавувана верзија на А класата ќе биде познатиот 2,0 литарски турбо четирицилиндричен мотор од А250, навиен на 335 KS и 400 Nm, кои треба да обезбедат перформанси достојни за останатите германски конкуренти кои се гордеат со ознаките RS и М. Како што и досега се знаеше, А45 AMG ќе има погон на сите четири тркала, кој ќе се пренесува преку седумстепен менувач со двојна спојка и специјално подесена Haldex централна спојка која вртежниот момент примарно ќе го испраќа на задните тркала. Mercedes ќе го употреби овој погон и за очекуваната AMG верзија на купето со четири врати CLA.
А45 ќе биде првиот AMG модел на Mercedes со попречно поставен мотор.
А45 ќе биде првиот AMG модел на Mercedes со попречно поставен мотор.
No comments:
Post a Comment