Со новата спортска и елегантна лимузина, Opel го прошири семејството на Astra.
Новиот седан, кој ги поседува типичните карактеристики на другите каросериски верзии на Astra, вклучително и напредните технологии и нејзиниот препознатлив квалитет, се наметнува како прифатлива алтернатива за купувачите кои обично се определуваат за ваквите возила од повисоката, средна класа. Со должина од солидни 4.656 милиметри и исто меѓуоскино растојание како и караванската верзија (2.685 mm), Astra Sedan обезбедува доволно простор за пет патици и нивниот багаж од 460 литри. Со спуштање на задните седишта, просторот во багажникот се зголемува на 1.010 литри.
Четвртиот член на семејството на Astra уште на почетокот на својата продажба ќе биде понуден со седум мотори - четири бензински, со максимални меѓу 100 и 180 KS и три дизела, со силина од 95 до 130 KS. Два од нив, 1,7 литарските CDTi EcoFlex со 110 и 130 KS, доаѓаат со старт-стоп систем, кој во корелација со другите технологии за заштеда на горивото овозможува просечна потрошувачка од 3,7 литри на 100 km и емисија на CO₂ од 99 g/km. Се очекува на почетокот на идната година и гамата на Astra Sedan да биде дополнета со верзиите со новиот високоефикасен 1,6 литарски SIDI бензински мотор со директно вбризгување на горивото и турбо компресор.
Седан верзијата на Astra официјално ќе биде претставена на салонот на автомобилите во Москва, кој се одржува од 29 август до 9 септември.

No comments:
Post a Comment