Најавувајќи го појавувањето на седан верзијата на А3 на американскиот пазар за подоцна годинава, Audi отвори друго прашање - кога всушност таа за прв пат ќе се појави.
Односно, дали најавувањето на нејзиното појавување во САД за годинава значи дека ќе ја видиме во Париз, или пак таа прво ќе биде претставена преку океанот, на салонот во Лос Анџелес кој се одржува во ноември, а потоа во Европа? За четиривратната верзија на А3 официјално засега се знае само дека е направена на продолжената MQB платформа и дека ќе има идентичен ентериер како и хечбекот со 3 врати, кој веќе е во продажба. И моторната понуда нема многу да се разликува - освен можеби најмоќните S3 и RS3 верзии, сé друго ќе биде исто.
Audi досега покажа два концепта на седан верзијата на А3 - во Женева и Шангај лани. Каросериската понуда на Audi A3 ќе се состои уште и од Sportback верзијата со 5 врати и кабриолет варијантата, но не е исклучено појавување и на двовратно купе.

поврзани вести:
Audi A3 (видео)
Audi A3 (видео)
No comments:
Post a Comment