По сé изгледа, маките за шведскиот производител конечно завршија.
Нов сопственик на имотот на Saab е јапонско-кинеско-шведскиот конзорциум National Electric Vehicle Sweden (NEVS), предводен од јапонската инвестициона фирма Sun Investment и хонгконшкиот производител на централи за обновлива енергија National Modern Energy Holdings. Договорот за преземање на сопственоста над компаниите Saab Automobile, Saab Automobile Powertrain и Saab Automobile Tools веќе е потпишан и тој ги опфаќа фабриката во Тролхетан и интелектуалните права за моделот 9-3 и Phoenix платформата, додека надвор од него остана Saab Automobile Parts и правата за Saab 9-5 и 9-4X. Сумата за која е продаден Saab не е објавена.
Конзорциумот NEVS е основан токму со цел за преземање на Saab. Новите сопственици имаат планови да го претворат Saab во водечки светски производител на електрични автомобили. Првиот електричен модел ќе биде направен на основа на 9-3 веќе во 2013 или 2014 година, додека Phoenix платформата ќе биде искористена за сосема нов модел. Новите шведски електрични автомобили ќе се продаваат глобално, со иницијален фокус на Кина. Развојот на овие два модела ќе биде базиран на шведските производствени и инженерски капацитети и јапонската напредна технологија. Не е познато дали ќе биде задржано и името Saab.
Се проценува дека во моментов на белосветските патишта се возат околу еден ипол милион возила од оваа марка.

No comments:
Post a Comment