05 June 2012

Audi A3

Новата генерација на компактниот хечбек, Audi ја лансираше на салонот во Женева. Настанат како прв модел на новата модуларна платформа, на која ќе биде поставен и Golf VII, новиот А3 е за 80 kg полесен од претходникот. Освен меѓуоскиното растојание кое му порасна за 23 mm и достигна 2.601 mm, во целост ги задржа истите пропорции. Надворешниот изглед му е строго во согласност со сите други модели на марката. На почеток, ќе се нуди со само три мотори, 1,4 и 1,8 литарските TFSi со 122 и 180 KS и 2,0 литарскиот TDi со 140 KS, додека за подоцна се најавени и 1,6 литарскиот и помоќен 2,0 литарски дизел со 180 KS, како и 1,2 и 2,0 литарските бензински мотори со 105 и 211 KS. Можно е Audi да го понуди А3 и во хибридна верзија, и тоа со погон на природен гас, а сигурно е дека ќе бидат развиени и S3 и RS3 верзиите, за кои се зборува дека ќе имаат мотори со 276 и 345 KS. За 2014 година се најавува и неговата електрична e-Tron верзија.





No comments:

Post a Comment