Opel го заокружи комплетирањето на понудата на Astra со освежувањето на нејзиниот дизајн.
Ако се прашувавте зошто Opel кога ја претстави седан верзијата на Astra не ја покажа однапред, тоа не е затоа што најголемата новост е задниот дел, туку затоа што предниот веќе беше фејслифтиран, со нова маска со хромирана лента и лого поставено во центарот. Малку изменети се и браниците, покажувачите на правецот и светлата за магла. Измените на предниот дел се заокружени со дневните LED светла, а на задниот ограничени на детали кои тешко се забележуваат.
Во пакет со поостриот дизајн на Astra, со кој се нагласува нејзиниот спортски стил, доаѓаат и повисоките стандардни технички додатоци, како што се втората генерација на Opel Eye со системи за препознавање на знаците, предупредување на напуштање на лентата на возење, одржување на растојанието во возењето во колона и предупредување за опасност од судар, плус камера за возење наназад, напредна помош за паркирање, систем за предупредување за возило во мртвите агли и друго.
Нов во обновената Astra е и најмоќниот дизел - 2,0 литарскиот битурбо CDTi со 195 KS и 400 Nm, а обновен е и 1,4 литарскиот турбо бензински мотор со 140 KS, кој сега има overboost функција која привремено додава уште 10% вртежен момент, зголемувајќи го максимумот од 200 на 220 Nm. Во иднина, моторната понуда на Astra ќе биде облагородена и со новиот 1,6 литарски SIDI турбо бензински мотор со директно вбризгување.

поврзани вести:
Подготвена и седан верзијата на Astra
Подготвена и седан верзијата на Astra
No comments:
Post a Comment