30 June 2012

Honda CR-V

Четвртата генерација на CR-V, која премиерата ја имаше на салонот во Лос Анџелес минатата година, се одликува со еволутивен и малку потсмирен изглед во споредба со претходно покажаниот концепт. Задржувајќи ги димензиите на досегашниот модел, доживеа трансформација на внатрешноста која сега е поблизу до премиум сфаќањата, а подобрување има и кај погонот на сите четири тркала. Во САД, новиот CR-V се нуди со 2,4 литарски четирицилиндричен i-VTEC мотор со 185 KS, 222 Nm и петстепен автоматски менувач, а во Јапонија и со дволитарскиот бензински мотор со 150 KS и 191 Nm, спарен со континуирана трансмисија. Европската верзија на Honda CR-V се очекува есенва.






No comments:

Post a Comment