Дефинирајќи уште четири полиња на кои ќе соработуваат, двете марки го проширија опфаќањето на договорот за долгорочна соработка што го постигна во декември.
Делејќи ги истите стратешки визии за идниот развој на автомобилските технологии, двете компании во здружувањето на своите потенцијали видоа големи можности за зголемување на конкурентноста. Така, првично опфаќајќи ги размената на технологиите, односно испораката на германски 1,6 и 2,0 литарски дизели за одредени модели на Toyota и хибридна технологија за BMW, а потоа и заедничките истражувања на полето на литиум-јонските батерии, сега, со потпишувањето на писмото за намери, идната соработка меѓу BMW и Toyota значително е проширена - новите полиња на кои двата производитела ќе соработуваат ги опфаќаат и технологиите со лесна структура и системите за погон со горивни ќелии и електрична енергија, што ќе биде крунисано и со заеднички развој на архитектура и компоненти за спортски модели.
Конкретните резултати од заедничката работа на германските и јапонските инженери можеме да ги очекуваме најрано во 2014 година. Заради зачувување на премиум карактерот на BMW, моделите на Lexus се исклучени од соработката.

No comments:
Post a Comment