Третата генерација на RS изданието на Focus, која се очекува во 2014 година, ќе биде значително посилна од сегашната.
Уште пред појавувањето на Focus ST лани есента (на сликата), разбравме дека Ford има дадено зелено светло за развој и на RS изданието на новата генерација на овој модел, а сега се дознава и дека за него се подготвува нов 2,3 литарски четирицилиндричен турбо мотор со 350 коњски сили наместо досегашниот петцилиндричен мотор од Volvo со 305 KS. До промената на погонската група, која и понатаму ќе ги задвижува само предните тркала, дојде не само заради полесно задоволување на еко нормите, туку и заради подобра распределба на тежината, со што, заради предниот погон, би се добила и подобра управливост. Тежината е причина и зошто погонот на сите четири тркала не се разгледува, и покрај тоа што некои послаби конкуренти го имаат. За потсетување, во Focus ST се вградува 2,0 литарски мотор со 250 KS.
Споменатиот 2,3 литарски EcoBoost мотор се развива во САД и најверојатно ќе биде употребен и за новиот Mustang. Ford Focus RS ќе биде на располагање со петвратна каросерија.
Споменатиот 2,3 литарски EcoBoost мотор се развива во САД и најверојатно ќе биде употребен и за новиот Mustang. Ford Focus RS ќе биде на располагање со петвратна каросерија.
No comments:
Post a Comment