Во пресрет на нејзината премиера закажана за салонот во Париз, Honda ги објави деталите за европската верзија на CR-V.
Како и што се очекуваше, измените во изгледот однос на американската верзија, која е во продажба од декември, се незначителни - поинакви браници и ретровизори во кои се вградени страничните покажувачи за правецот, дневни и задни LED светла и антена во облик на перка. Затоа пак, во просторот за моторот се кријат сосема поинакви агрегати, во целост посветени на барањата на европските купувачи. На располагање ќе бидат три погонски единици - 2,0 литарскиот бензински мотор, сега со 155 KS и 192 Nm, новиот 1,6 литарски дизел со 120 KS и 300 Nm и досегашниот 2,2 литарски дизел со 150 KS и 350 Nm. Погонот на сите четири тркала е унапреден со замена на досегашниот хидрауличен со електронски систем за негово активирање, а ново е и тоа што бензинската и послабата дизел варијанта на CR-V ќе можат да се добија со погон само на предните тркала и дека верзиите со мануелен менувач ќе бидат опремени со старт-стоп систем.
Новиот CR-V има многу слични димензии со сегашната генерација (должина 4.570 mm, ширина 1.820 и висина 1.650 mm), а во багажникот има простор за 589 литри. Со соборување на задната клупа, тие нараснуваат на 1.648, до кои ќе се доаѓа полесно благодарение на електричното отворање и затворање на задната врата. Како и досега, и четвртата генерација на CR-V за Европа ќе се произведува во Англија.

поврзани вести:
Honda CR-V (видео)
Honda CR-V (видео)
No comments:
Post a Comment