Откако компанијата DRB-Hicom, која поседува 42,74% од акциите на Proton (кој пак е сопственик на Lotus) доби понуда за британскиот производител на спортски возила, се појавија шпекулации дека зад неа стои Volkswagen.
Според Reuters, понудата била во износ од 1 фунта, со прифаќање за исплата на сите долгови на Lotus, кои изнесуваат околу 200 милиони фунти. Малезиската компанија, нормално, ја одби ваквата понуда, сметајќи дека имаат добар план за реструктуирање на Lotus. Досегашниот план за иднината на британскиот производител, со кој се предвидуваа пет нови модели, покажани сите истовремено на салонот на автомобилите во Париз пред две години, уште тогаш, благо кажано, се сметаше за преамбициозен.
DRB-Hicom стана сопственик на споменатиот удел во Proton на почетокот на годинава. Германскиот производител пред пет години безуспешно се обиде да се воспостави соработка со Proton, сметајќи дека на тој начин полесно ќе се пробие на пазарите во земјите од југоисточниот дел на Азија.

No comments:
Post a Comment