Освен во класата мали градски автомобили, двата производитела во иднина ќе соработуваат и кај комерцијалните возила.
Според изјавите на челниците на двата производитела кои ја најавија идната соработка, PSA Peugeot Citroën, почнувајќи под вториот квартал 2013 година, ќе им испорачува на Јапонците лесни комерцијални возила направени на основа на Peugeot Expert, односно Citroën Jumpy, наменети за продажба во Европа. Toyota ќе учествува и во трошоците за развој и производство на наредната генерација на овие возила која ќе се појави после 2020 година.
Французите на овој чекор се решија откако Fiat делумно се повлече од ортачкиот бизнис на полето на комерцијалните возила, препуштајќи ја едната од двете фабрики што заеднички ги имаа, комплетно на PSA. На Јапонците, пак, не им требаше многу размислување, бидејќи практично никогаш не биле присутни во Европа во овој сектор - доставниот HiAce, кој се произведува во португалската компанија Caetano, се нуди само на мал број пазари, каде има незначително учество. Двете страни изјавија дека немаат амбиции за заедничко производство на комерцијални возила, како што е тоа случај со фабрика што ја имаат во Чешка, каде се произведуваат Peugeot 107, Citroën C1 и Toyota Aygo.
Соработката меѓу PSA и Fiat која ги опфаќа заедничкото производството на Boxer/Jumper/Ducato и производството на Bipper и Nemo во фабриката на Fiat во Турција, останува во сила и понатаму.

No comments:
Post a Comment