Најновиот модел на Škoda, кој допрва ќе се најде во салоните, ќе биде понуден и во хечбек верзија.
Согласно својата стратегија за раст, во која Rapid ќе има значајна улога, Škoda одлучи да го понуди својот најнов модел и во хечбек верзија. Овој модел, според зборовите на одговорниот за продажба и маркетинг на Škoda, Јирген Штакман, ќе биде пократок од Rapid и ќе има класично исечен краток заден дел. Тој исто така потврди и дека ќе биде понудена само петвратна, а не и тривратна верзија на новиот хечбек, главно заради причината што само мал дел од Европјаните се одлучуваат за ваква каросериска варијанта.
Колку од лани во Женева покажаниот концепт под ознаката VisionD (на сликите) ќе биде искористено не се знае, бидејќи, според нецелосните фабрички информации, не се работи за ист модел како и Rapid, кој беше најавен со концептот MissionL на салонот во Франкфурт лани.

поврзани вести:
Škoda Rapid (видео)
Škoda Rapid (видео)
No comments:
Post a Comment