Базиран на основата на наредната генерација на Jazz, малиот кросовер на Honda би бил некој вид реинкарнација на предвремениот HR-V.
Кога се појави во 1999 година, Honda HR-V (што е кратенка од Hi-rider Revolutionary Vehicle) не успеа да го сврти вниманието кон себе, заради што тривратната верзија беше укината само после четири години производство, додека петвратната успеа да се задржи во понудата на јапонската марка уште две години. Сега, со напливот новитети од класата во која тој припаѓаше, Honda повторно размислува да лансира вакво возило, кој, како и HR-V, би ја користел основата од модел од субкомпактната класа, во овој случај од наредната генерација на Jazz, која се очекува идната година.
Доколку плановите се обистинат, Honda би го произведувала овој модел во новата мексиканска фабрика, која ќе започне со работа во 2014 година. Honda предвидува дека ќе успее да пласира годишно околу 400.000 примероци од идниот HR-V, главно во Северна Америка и Европа, што сепак е амбициозна бројка, иако ширум светот Jazz (кој на некои пазари настапува под името Fit), вклучувајќи ја и неговата седан верзија City, се продава двојно повеќе.

No comments:
Post a Comment