Од новата моделска година, Т серијата на комерцијалните возила на Volkswagen ќе биде достапна и со TSi мотор.
Популарното Т семејство на комерцијални возила на Volkswagen, од есенва ќе биде достапно и со 2,0 литарски TSi мотор со 150 KS и 280 Nm. Турбо технологијата и директното вбризгување на горивото, со помош на шестстепениот мануелен менувач, овозможуваат ова комерцијално возило до 100 km/h да забрза за 11 и да постигне максимални 180 km/h, притоа трошејќи просечни 9,5 литри на 100 km.
Освен со ова, понудата на Transporter, Multivan, Caravelle и California е проширена и BlueMotion верзија на 2,0 литарскиот TDi мотор со 140 KS и 340 Nm, кој со помош на старт-стоп системот и регенерацијата на енергијата на кочење, овозможува просечена потрошувачка од само 6,9 l/100 km, што претставува заштеда од половина литар на сто поминати километри. Овој мотор може да се добие со шестстепен мануелен или седумстепен DSG менувач, со погон на предните или на сите четири тркала. BlueMotion технологијата кај комерцијалната гама на Volkswagen досега можеше да се добие само со TDi моторите со 84 и 115 KS.
Како лидер во својата класа, Volkswagen ја нуди Т серијата на своите комерцијални возила во преку 400 различни верзии.

No comments:
Post a Comment