Првиот родстер кој BMW го разви три децении после фамозниот 507, наполни 25 години. По тој повод, во Минхен се собраа стотина примероци од за денешни услови чудно дизајнираниот двосед, потсетувајќи ја јавноста на неговото влијание на светот на убавите автомобили. BMW Z1, кој во периодот од март 1989 до јуни 1991 година беше произведен во само околу 8.000 примероци, располагаше со 2,5 литарски реден шестцилиндричен мотор до 325i со 171 KS и за своето време имаше многу иновативни технолошки решенија, како што се уникатната монокок конструкција со засебни лимени панели на каросеријата, склопливите врати и мултилинк задното ослонување.
No comments:
Post a Comment