Заради високата побарувачка на новиот компактен модел, Mercedes ангажираше дополнителни ресурси за негово производство.
Во договорот постигнат со финскиот производител Valmet Automotive, се предвидува во периодот од 2013 до 2016 година да се произведат повеќе од 100.000 примероци од А класата. Побарувачката на новата А класа ги надмина сите очекувањата на Mercedes - иако ќе биде лансирана на средината на септември, досега се добиени 40.000 нарачки за неа. Заради зголемување на производството, во текот на есента ќе биде воведена и трета смена во фабриката во Раштат.
Новата А класа се произведува уште и во Кечкемет, Унгарија, а извесно е и дека ќе биде организирано нејзино производство во Кина, за локални потреби.
Новата А класа се произведува уште и во Кечкемет, Унгарија, а извесно е и дека ќе биде организирано нејзино производство во Кина, за локални потреби.
No comments:
Post a Comment