По хардкор моделот Super Sport од пред четири години, кој сé уште не е започнат да се произведува, шпанскиот малосериски производител IFR Automotive најави уште еден драматичен модел.
Купето со 2+2 седишта наречено GT-21 Invictus ќе биде направено од алуминиум, ултралесен челик и композитни материјали, заради што тежината би требало да му биде задржана на 990 kg. Димензиите (должина 4,45, широчина 1,88 и височина 1,23 метри) му се детерминирани од предизвикувачкиот дизајн, кој треба во целост да му ги навести способностите - максималната брзина од 305 km/h и забрзувањето до 100 km/h за помалку од 3 секунди. За нивно остварување, шпанскиот производител кој своите модели ги продава под марката Aspid, ќе го искористи 4,4 литарскиот турбо V8 мотор со 450 KS од BMW, кој, заради еколошката определба на Шпанците, ќе биде „хибридизиран“.
Aspid GT-21 Invictus ќе биде произведен во серија од 250 примероци. Почетокот на производството на двата модела на Aspid се очекува за две години, а нивната продажба ќе се одвива преку елитна група од дваесеттина дилери низ Европа.

No comments:
Post a Comment