Иако многу извештаи велат дека стратегијата за лансирање на (пре)скапи модели не е баш успешна како што се надеваа, сепак Aston Martin продолжува со неа.
Според плановите, нареден модел за лансирање е родстерот направен на основа на моќното купе V12 Vantage. Овој потег е по малку и очекуван, бидејќи компанијата не располага со доволно слободни пари за развивање на нови платформи и мотори, така што како што со вградување на големиот 6,0 литарски V12 мотор со 517 KS во каросеријата на малку помалиот V8 Vantage настана и V12 Vantage, таква ќе биде и приказната со новиот родстер, кој ќе биде произведен во лимитирана количина од 101 примерок.
Што се однесува до Cygnet, за да се оправда пред критиките за неговата неразумно висока цена, која во Велика Британија стартува од 31.000 фунти, Aston Martin објави видео кое вреди да се погледне, бидејќи во него детално се следи процесот на неговото производство, долг 150 часа исклучиво рачна работа. Инаку, Aston Martin признава дека продажбата на Cygnet не е таква каква што планираше, но не заради тоа што нема доволно купувачи за него, туку заради тоа што не можат да постигнат со производство.

No comments:
Post a Comment