Големата популарност на ваквиот вид возила придонесе Fiat да не чека многу со подготвувањето на доставната верзија на Panda.
Конверзијата на малиот градски модел е изведена со затемнување на задните стакла и вградување на метална решетка зад патничкиот дел, кој може да биде со две или четири седишта. Во вториот случај тоа всушност значи дека Panda Van е скоро идентична со регуларната патничка верзија, со една голема разлика - се хомологира како товарно возило, што значи дека фирмите кои ќе ја набават ќе имаат даночни повластици. Кај вистинската доставна верзија, пак, карго просторот е потполно рамен и во него собира еден кубен метар товар. Panda Van, во зависност од бројот на седиштата, има носивост од 490 или 505 kg.
Fiat Panda Van во Италија ќе се нуди со 1,2 литарски бензински мотор со 69 и 1,3 литарски дизел со 75 KS, по цени кои започнуваат од 8.850 евра, без данок. Во иднина, Panda Van ќе биде понудена и со двоцилиндричниот 0,9 литарски турбо мотор со 85 KS, како и во верзиите со погон на метан и течен нафтен гас и со погон сите четири тркала.

поврзани вести:
Fiat Panda (видео)
Fiat Panda (видео)
No comments:
Post a Comment